X
 22.12.2016 Технологија

Русите ќе ги уништуваат астероидите што ѝ се закануваат на Земјата


Илустрација како Русите ќе ги уништуваат заканувачките астероиди

Рускиот центар за планетарна заштита осмисли систем за заштита на Земјата од астероиди со помош на нуклеарна експлозија, што би чинел 5,6 милијарди долари, истакна директорот на центарот, Анатолиј Зајцев.

Тој го претставил проектот на научно-технолошката конференција што се одржа во Москва, пренесува агенцијата ТАСС.

Системот може да се направи за седум години и би се состоел од сателит за набљудување, вселенски опсерватории, пресретнувачи и контролен центар.

Во првата фаза, според проектот, би се лансирале четири вселенски летала - две за надзор и две за пресретнување, што би чинеле околу 1,3 милијарди долари. Изградбата на инфраструктура на Земјата би чинело дополнителни една милијарда долари.

Во случај кога би се откриле опасни астероиди кои би биле закана за нашата планета, сателитите за набљудување би биле лансирани кон нив со цел да ја определат патеката , величината, масата и други карактеристики. Потоа  би се испратиле летала со нуклеарно полнење да ги уништат или да им ја сменат патеката на движење.

Развојот на опрема за набљудување на вселената, односно две сателитски опсерватории и четири летала за набљудување, би чинеле дополнителни 1,4 милијарди долари, додека предложеното зголемување на бројот на сателити за пресретнување за уште три летала, би чинело 1,8 милијарди долари, наведува ТАСС.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија