X
 29.12.2021 Наука

Омикрон не е истата болест што ја имавме пред една година, вели водечки британски научник

- Омикрoн не е истата болест што ја имавме пред една година, а високите стапки на смртност од ковид-19 во Велика Британија се минато - вели водечкиот британски имунолог Џон Бел.

Бел, професор по медицина на „Оксфорд“ и еден од научните советници на Владата на Велика Британија, вели дека и покрај хоспитализацијата во последните недели поради ширењето на омикрон кај населението, болеста изгледа помалку опасна и пациентите поминуваат релативно кратко време во болниците.

- Помалку пациенти завршуваат на кислород, а просечното време што го поминуваат во болница се намали на три дена - додава Бел.

Некои научници се плашат од оптоварувањето на болниците

Неколку научници ја критикуваа одлуката на британската Влада да не воведе нови построги мерки во Англија пред новогодишната ноќ. Некои ја опишаа одлуката како „најголемиот јаз меѓу научните совети и законот“ од почетокот на пандемијата.
 
Тие велат дека се загрижени затоа што и покрај фактот што се чини дека омикрон предизвикува помалку сериозни симптоми, тоа е екстремно заразна варијанта на ковид-19, што значи дека бројот на хоспитализирани и починати може нагло да се зголеми без интервенција на Владата.

- Имавме многу социјални контакти меѓу генерациите за време на Божиќ, па сега ќе видиме дали ќе имаме значително зголемување на бројот на пациенти во болниците со тешки омикрони симптоми - рече Крис Хопсон од јавниот здравствен систем на Велика Британија.

Страшните сцени што ги гледавме се минато

Но, професорот Џон Бел вели дека ситуацијата со омикрон сепак треба да биде подобра од минатата година.

- Ужасните сцени што ги гледавме минатата година во преполните единици за интензивна нега, кога многу луѓе умираа, според мене, се минатото - рече Бел.

Тој, исто така, рече дека за време на ковид-брановите, вклучително и делта и омикрон, инциденцата на тешки симптоми и смрт практично не се промени откако сите бевме вакцинирани.

Бел додаде дека празните улици во изминатите неколку недели покажаа дека луѓето се доста одговорни во однос на заштитата од вируси.

Еден ден ќе треба да им дозволиме на луѓето кои се ковид-позитивни да водат нормален живот


Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот во Источна Англија, размислува слично.

- Ова е болест што не оди никаде. На крајот на краиштата, ќе мораме да им дозволиме на луѓето кои се ковид-позитивни да водат нормален живот, исто како што би правеле со секоја настинка - рече Хантер.

 Хантер додаде дека еден ден ковид-19 ќе биде обична настинка, а објавувањето дневни податоци за заразените ќе биде непотребно.

- Можеби, штом ќе заврши Велигден, ќе треба да почнеме да размислуваме за смирување. Тоа, се разбира, ќе зависи од тоа каква ќе биде болеста тогаш - додаде Хантер.

Извор: The Guardian
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука