Денес е вторник, 8 август 2017 година, 220-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:29, а ќе зајде во 19:47 часот. Денот ќе трае 14 часа и 18
минути.
Температурите не попуштаат, иако во поголем дел од Балканскиот
полуостров имаме осетно опаѓање на температури кај нас сеуште тропски а
во истиот интервал ќе се задржат до петок, од сабота веќе се очекува пад
на температурите. Сончево и топло утро и денес со температури кои што се
високо над просекот за овој период од годината.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник во утринските и претпладневните
часови ќе биде претежно сончево и многу топло време. Во попладневните
часови појава на облачност која што ќе услови и развој на нестабилност
која што пак локално во западните и северозападните, како и во
североисточните и источните предели може да услови локални врнежи од
дожд и грмотевици. Локално не се исклучува можноста за појава на
невреме. Ќе дува доумерен слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека пак
максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 40
степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес тропски ден, ќе биде сончево и мноту топло
време. Попладне појава на локална облачност која што во вечерните часови
може да услови сосема слаби и локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен
ветер. Утринската температура од 21 степен, а максималната дневна до 38
степени. УВ индекс 8.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда не очекува идентично време, наутро и
претпладне сончево и многу топло време, попладне појава на облачност
која што во западните и источните предели може да услови локални врнежи
од дожд. Во четврток и петок тропски денови, ќе биде сончево и многу
топло време, максималните температури високо над просекот за овој период
од годината и ќе се движат од 30 до 41 односно од 31 до 42 степени.
Сончево но посвежо време во Македонија не очекува во сабота кога поради
продор на посвежа воздушна маса од север се очекуваат дневни температури
кои што ќе се движат во интервал од 26 до 37 степени.
Weather4all.com.mk