„Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мувлосаните тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога домовите ќе се реновираат, кога студентите ќе се разбудат и ќе прозборат за маките. Ќе чекаме ли жртва за да си ги побараме правата?! НЕ! Ние, студентите, не чекаме избори!“
Така е најавен настанот организиран од Студентскиот пленум закажан за понеделник. На настанот, на кој студентите ќе го покажат своето незадоволство од условите во студентските домови во Македонија, ќе биде прикажан филм „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓорѓиевска. По прикажувањето на филмот ќе се одржи дискусија за условите во домовите.
Збирното место е паркот зад салата „Форца“, а времето е 20,00 во понеделник (28.09).
Настанот на „Фејсбук“.