X
 25.09.2015 Образование

Колку чини животот како студент во Њујорк?

Њујорк е познат како најскапото место за живот во САД. Но, цената на животот во овој град зависи од местото во кое се живее. Секако, постои разлика во животот во Менхетен и Квинс.


Цената на животот во Њујорк зависи од повеќе други фактори. „Инвестопедија“ ги пресмета цените на станарина, трошоци за живот, превоз и храна во повеќе делови од Њујорк. Земете предвид дека следниве бројки се просечни.

Станарина - Просечната станарина за стан во Њујорк за спетември годинава изнесувала 3.432 долари месечно.

Сметки - Градот има топли лета и студени зими, поради што овој износ може да варира во однос на годината. Просечно се плаќа 200 долари во текот на летото, а 100 долари во текот на зимата. Просекот изнесува 125 долари месечно за средно голем стан.

Храна - Во зависност од исхраната, храната во Њујорк може да чини најмалку 400-500 долари месечно.

Превоз - Повеќето њујорчани живеат без да поседуваат автомобил. Едно возење со метро чини 2,75 долари, а месечната карта изнесува 116,50 долари.

Живот како студент

Њујорк е дом на повеќе престижни универзитети, повеќето од кои се сместени во срцето на градот. Делењето стан со тројца цимери може да ја намали станарината на 900 долари, а сметките на 35 долари месечно.

Се проценува дека еден студент со заработка од 1.800 долари месечно може да живее добро во градот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование