X
 20.08.2022 Живот

Држава за која малкумина знаат - оттаму посетителите си заминуваат излекувани

Постои прилично добра шанса да не сте слушнале за Република Нахичеван, за која новинарите од Би-би-си открија дека е една од најодржливите земји во светот.

Нахичеванската Автономна Република е азербејџанска ексклава, т.е. територијата на Азербејџан која се наоѓа надвор од нејзините граници и е целосно опкружена со друга земја или земји – во овој случај Ерменија, Иран и Турција. Главен град на оваа република е Нахичеван, а посетителите ја опишуваат оваа земја како едно од најпустите и најизолираните места на поранешниот Советски Сојуз, каде што малку луѓе влегуваат однадвор.

1
Фото: Wikipedia

За среќа, новинарот Дејвид Мекардал имал можност да помине извесно време во Нахичеван и потценување е да се каже дека неговите впечатоци се позитивни. При самото пристигнување тој забележал дека никаде нема ѓубре и улиците се речиси надреално чисти. Во разговор со жителите, новинарот ја забележал нивната склоност кон самоодржливост, поради историски околности.

Бидејќи им здосадило да бидат економски зависни од другите, жителите на оваа држава се насочиле кон себе и почнале да одгледуваат храна за свои потреби. Бидејќи Азербејџан доживеа нафтен бум во првата деценија на 21 век, свеста за самоодржливост вртоглаво пораснала.

2
Фото: Wikipedia

Храната се одгледува без употреба на пестициди и е целосно органска. Овчото месо доаѓа од овци од околните фарми, рибите од блиските езера, лековитите билки од околните планини, а дури и солта се вади од подземните пештери. Ова се чувствува уште на првиот залак, а жителите на оваа држава со гордост истакнуваат дека се здрав народ кој не боледува од разни болести како другите.

4
Фото: Wikipedia

Ако, на пример, се разболат од белодробна болест, постојат места за „пештерска терапија“. Едно од тие места е блиската пештера Дуздаг. За овој вид терапија доаѓаат луѓе од целиот свет, особено астматичари, пушачи, луѓе со белодробни болести и слично. И како што велат Нахичевци, сите си заминуваат излечени.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот