X
 13.03.2015 Наука

НАСА создаде состојки за живот во симулирани услови во вселената

1

 

Новите истражувања фрлаат светлина врз тоа како сме стигнале тука, преку демонстрација дека хемиските компоненти на нашата ДНК може да биде произведена во брутални услови во вселената.


Работејќи во лабораторијата „Ames Astrochemistry“ во Калифорнија во соработка со Годард центарот за вселенски летови во Мериленд пронајдоа докази за оваа мистерија. Тие утврдиле дека некои од хемиските елементи во нашата ДНК може да се произведат во суровите услови на вселената.

За да стигнат до овој заклучок, во нивната лабораторија создадоа парче мраз кој содржи молекули познати како пиримидински. Овие молекули кои се состојат од јаглерод и азот, го формираат јадрото на три хемикалии кои можат да се пронајдат во ДНК и РНА, генетскиот состав на базираниот живот на Земјата.

Пиримидинските молекули исто така можат да се пронајдат во метеоритите, што ги поттикна научниците да истражуваат како реагираат кога замрзнатата вода се наоѓа во вселената.

Тие го ставиле парчето мраз на машина која го репродуцира вакуумот во просторот, со температура од -260 степени Целзиусови и груба радијација создадена од високо-енергетски ултравиолетови фотони од водородна ламба.

Откирле дека не само што пиримидинските молекули можат да ги преживеат овие услови, туку и зрачењето промени некои од нив во трите хемиски компоненти пронајдени во ДНК и РНК: урацил, цитозин и тимин.

„Со оглед на тоа што го произведивме во лабораторијата, хемијата на мразот изложена на ултравиолетова радијација може да биде важен чекор во поврзувањето на она што оди во вселената и она што паднало на Земјата уште во почетокот на неговиот развој“, вели Кристофер Матересе, истражувач на НАСА кој работел на овој експеримент.

„Нашите експерименти укажуваат на тоа дека откако била формирана Земјата, многу градежни блокови на животот биле веќе присутни уште од самиот почеток. Со оглед на тоа што стимулиравме универзални астрофизички услови, истото веројатно се случило кога се формирале планетите“.

Иако истражувањето може да помогне во пополнувањето на едно делче од сложувалката на нашето вселенско потекло, сепак останува уште една мистерија. Научниците се`уште не знаат од каде доаѓаат метеорските пирамидински молекули, иако постои теорија дека биле создадени после умирањето на една голема црвена ѕвезда.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука