X
 03.10.2023 Образование

Два златни и еден сребрен медал освоија ученици од Охрид на Меѓународен натпревар по угостителство

Две први и една втора награда освоија ученици на Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид на 11. Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS 2023) одржан деновиве во Охрид.

На натпреварувањата организирани од страна на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ учествува ученици од 15 училишта од земјите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Натпреварувањата се одржаа во хотелот „Метропол- Белви“ во дисциплините угостителско послужување, готварство и подготовка на туристички аранжмани (со посебен акцент на планинскиот, рурален туризам), со учество на околу 200 учесници.

Златни медали освоија учениците од „Ванчо Питошески“ во категориите готварство и туристички аранжмани и тоа екипата составена од Никита Мишевски, Валентин Матоски и Антонио Мицески со ментор Војо Ангелоски и екипата: Петар Ѓорѓиев, Христина Кушлаковиќ и Бранкица Велевска под раководство на менторот Јелиз Караман Бешир, додека сребрен медал во категоријата послужување освоија учениците Константин Мурговски, Филип Јордановски и Христијан Крчов под менторство на Елена Спировска.

Следниот натпревар ГАТУС 2024 ќе се одржи во хрватскиот град Осиек.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование