X
 29.09.2015 Настани

Мотивациски викенд

Оваа година на 3ти и 4ти Октомври од 16:00 до 20:00 часот во Македонска опера и балет-МОБ, ќе се одржи третиот по ред Мотивациски викенд-настан по кој Младите можат стануваат препознатливи како организација.




Ве покануваме сите млади ентузијасти кои како нас верувате дека МЛАДИТЕ МОЖАТ да бидат катализаторите на промените во нашето општество да присуствувате на Мотивациски викенд 3.

Дел од говорниците кои ќе присуствуваат на овогодинешниот Мотивациски се: Ана Јовковска, Кочо Андоновски, Petrus Theunisz, Лазар Ѓуров и многу други.

Мотивациски викенд е составен од два дела: говори од успешни млади лица и работилници од успешни компании. Целта на Мотивацискиот викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен и професионален план, да ги запознаеме со неформалното образование, да ги обучиме со вештини што му се потребни на секој млад човек, а сето ова да го пренесеме преку успешни луѓе кои ќе ја споделат својата приказна за нивниот досегашен успех и компании/обучувачи кои ќе одржат неколку работилници за личен и професионален развој. На крајот на настанот на нетворкинг забавата сите присутни ќе имаат можност да се дружат и  да остварат нови контакти.

Настанот за прв пат беше организиран во март 2014 како иницијатива од страна на 6 млади ентузијасти кои беа дел од проектот „Make a Change: BE A VOLUNTEER“ а продолжи како Мотивациски викенд организиран во септември 2014. Вкупно на двата настана присуствуваа над 400 млади луѓе.

Дел од говорниците кои ќе присуствуваат на овогодинешниот Мотивациски се: Ана Јовковска, Кочо Андоновски, Petrus Theunisz, Лазар Ѓуров и многу други.

Имено, Младите можат е младинска организација основана во 2009 од млади за млади. Визијата и мисијата на ММ е охрабрување на младите да земат активно учество во нивните заедници преку младински активизам и со тоа да ѝ овозможат бенефит на заедницата.

Влезот е бесплатен, а присуството задолжително.
Затоа, не пропуштајте го овогодинешниот Мотивациски викенд и почувствувајте го мотивацискиот пулс
Повеќе за настанот ТУКА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани