Повикот е отворен за млади од цела Македонија, кои ќе детектираат предизвик во заедницата и ќе предложат иновативно решение во рамките на кратка иницијатива во една од следните области:
- Образование и култура
- Развој на граѓанско општество
- Толеранција и недискриминација
- Младински политики и граѓански права
Што треба да направиш?
- состави тим од 3 до 5 млади ентузијасти на возраст од 16 до 26 години
- дискутирајте за предизвиците во заедницата што ве засегаат токму вас
- предложете креативно решение за детектираниот проблем, во однос на некоја од гореспоментите области
- направете план со конкретни акции преку кои ќе дејствувате при решавање на проблемот
Како да се пријавиш?
Собери го твојот тим и пополнете го овој aпликациски формулар преку кој ќе нѐ убедите за важноста и итноста на предизвикот што го детектиравте. Пополнетиот апликациски формулар испратете ни го на info@youthcan.org. Рокот за поднесување на апликациите истекува на 29.04.2018 (23.59)
По истекување на рокот за пријавување, најкреативните 5 тима ќе продолжат во наредната фаза од проектот, при што ќе добијат поддршка за развивање на идејата, односно свој ментор со кој ќе имаат можност да остваруваат средби и да се консултираат. Во текот на оваа фаза 5. тима ќе имаат задача да снимат кратко креативно видео. Овие 5 видеа ќе бидат објавени на социјалните мрежи на „Младите можат“. Видеото со најмногу лајкови ќе има загарантирани гласови кои ќе му обезбедат предност на тимот во финалниот настан на кој ќе се гласа за победничката идеја.
На почетокот на месец јуни, на јавен настан секој тим ќе има можност да ја презентира својата идеја за иницијатива и да ги убеди публиката и жири-комисијата за суштината на проблемот и креативноста на понуденото решение.
Притоа ќе се гласа за најдобрата идеја, водејќи сметка за:
- релевантност на идејата
- иновативност на идејата
- изводливост на идејата
Победник ќе биде тимот кој ќе се здобие со најмногу гласови во следните три категории:
- Најмногу лајкови на видеото кое ќе ја претстави нивната идеја
- Гласови од жири-комисијата на финалниот настан, составена од граѓански активисти
- Гласови од публиката која ќе присуствува на финалниот настан
Победничкиот тим ќе добие поддршка од Младите можат за имплементирање на иницијативата и наградно патување за целиот тим.