X
 30.09.2015 Технологија

Фејсбук воведува профилни видеа за корисниците

„Фејсбук“ ќе оживее, и тоа преку профилните слики.


Социјалната мрежа објави во вторникот дека тестира нова можност со која ќе бидат воведени профилни видеа. Со ова, корисниците ќе може да поставуваат видеа од седум секунди наместо досегашните профилни фотографии.

Корисниците на ајфон во Калифорнија и Велика Британија ќе бидат првите кои ќе ја добијат оваа можност да прикачуваат кратки видеа како профилни фотографии. Се очекува можноста да биде достапна за сите корисници наскоро. „Фејсбук“ објавува дека овој потег е дел од обидот да им се помогне на луѓето подобро да се претстават на социјалната мрежа.

Профилните видеа ќе се пуштаат само кога некој ќе го посети профилот на личноста и нема да се пуштаат на насловниците на корисниците. Профилните видеа ќе ја имаат можноста и за аудио, кое ќе се активира со притискање на видеото.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија