X
 09.02.2018 Живот

Џим Кери го напушта „Фејсбук“

Познатиот актер Џим Кери објавил дека го напушта „Фејсбук“ и го исклучува својот профил на оваа популарна социјална мрежа.

фотоизвор: Addicted 2 Success       

Во објава на „Твитер“ и „Фејсбук“, Кери истакнал дека ќе ги продаде своите акции на „Фејсбук“ и ќе ја избрише својата страница на оваа мрежа.

Како причина за овој потег го наведува мешањето на Русија во американските претседателски избори преку оваа мрежа.

Исто така, ги повикал сите инвеститори што мислат за иднината да го направат истиот потег, односно да ги изгасат профилите и да ги продадат акциите. Оваа објава е проследена со хаштаг „#unfriendfacebook“.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот