X
 24.04.2017 Технологија

Дознајте дали некој се обидува да го хакира вашиот профил на „Facebook“

За оние кои често се прашуваат дали некој лута по нивниот „Facebook“ профил, веќе одамна постои едноставно решение за да се дојде до одговор.


Фото: Pixabay

Се сомневате дека „Facebook“ - от го делите со уште некој? Дека имате проблем со хакер, која од некоја причина може да пристапи на вашиот профил? Со само два едноставни чекори можете да го дознаете одговорот.

Се што треба да направите е да ја отворите опцијата „Security“, а потоа „Where You're Logged In“и така ќе видите со кои IP адреси во моментот сте логирани на „Facebook“.

Доколку сте биле во некој друг град и на листата го забележите баш тој град, тогаш сте сигурни. Доколку постои некој град на листата во кој дефинитивно не сте биле во наведениот термин, тогаш најдобра опција ви е да ја промените лозинката. Секако, совет е и да внимавате и кога сте во друг град, а и воопшто.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија