X
 14.02.2019 Технологија

Колку луѓе ве следат? На „Инстаграм“ се случува нешто чудно, проверете си го профилот

Ако забележавте дека на „Инстаграм“ имате помалку пријатели од претходно, не се грижете - не е проблемот во вас, туку во „Инстаграм“.

Многу корисници на оваа социјална мрежа се пожалија дека искусиле голем пад на бројот на пријатели во само неколку секунди. Некои изгубиле само неколку пријатели, некои стотина, додека некои илјада, па и милион следбеници.

-Зошто изгубив половина милион пријатели на „Инстаграм“ преку ноќ? - прашува инфлуенсерот Џејмс Чарлс.

Експертот за социјални мрежи, Мет Навара, вели дека на пример, Кајл Џенер преку ноќ изгубила околу 2,5 милиони пријатели, Кејти Пери 900.000, а Барак Обама 400.000.

За брзо време, „Инстаграм“ излезе со изјава.

-Свесни сме за проблемот поради кој на некои луѓе им се менува бројот на следбеници. Работиме на тоа да го решиме што побрзо - изјави „Инстаграм“ и најави дека проблемот треба да биде среден до петок. Не објаснија зошто дошло до вакво нешто.

Но, многу луѓе се загрижија затоа што од компанијата минатата година најавија дека ќе започнат со отстранување на лажните профили, лајковите и коментарите.

Исто така, на социјалните мрежи започна да се шири објавата наводно објавена на официјалниот твитер-профил на „Инстаграм“ дека од 1 март ќе се бришат сите неактивни профили, односно сите оние кои не лајкнуваат, не коментираа и не објавуваат на дневна основа.

Но, „Инстаграм“ изјави дека станува збор за лажна објава.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија