X
 02.10.2015 Живот

Гледајте во живо Македонија - Украина на 9. Октомври


 
Друловиќ: Потребна ни е поддршка од сите

Украина можеби не е Шпанија, но е респектабилна фудбалска репрезентација од самиот европски врв, составена од играчи чии клубови се натпреваруваат во Лигата на шампионите, што само по себе е силна провокација за љубителите на фудбалот да дојдат на арената „Филип Втори“ и во живо да го гледаат натпреварот меѓу Македонија и Украина. Играта која македонската фудбалска репрезентација ја покажа на натпреварот против Шпанија, ни дава надеж дека ќе гледаме интересен натпревар, со многу возбуда и се надеваме голови. За Македонија овој натпревар е последен пред домашна публика, а тоа е нешто што заслужува респект и максимално залагање од нашите фудбалери. Ферхан Хасани е во одлична голгетерска серија во домашното првенство, Трајковски стандарден во силната италијанска Серија А, а тука е и повратникот Тричковски, потоа Ибраими...

Да се надеваме дека тивкиот работлив селектор Друловиќ, конечно со насмевка на лицето ќе дочека крај на еден фудбалски натпревар на нашиот А фудбалски тим. За Украина овој натпревар има многу поголемо значење, притисокот врз нив е многу поголем бидејќи се во трка за третото место во групата и што повеќе бодови, што ќе им овозможи бараж натпревар за европското првенство 2016 година. Најзвучни имиња меѓу украинските фудбалери секако се Евгениј Конопљанка од Севилја и Андреј Јармоленко од Динамо Киев.

-Ова е многу важен натпревар за нас, играме против репрезентација која може да се пласира на Европското првенство во Франција. Доколку сакаме да оствариме позитивен резултат, потребна ни е поддршка од сите. Најважно за нас е единството и концентрацијата. Мораме да се сетиме на позитивните моменти од дуелот со Шпанија и да се обидеме да одиграме квалитетно. Украина е типичен претставник на источно-европските репрезентации, многу силна репрезентација. Очекувам максимално залагање од фудбалерите, и исполнување на за цртаните задачи. Како што предходно реков за клубовите се игра за пари, а за репрезентацијата за срце и почит. Се надевам дека публиката ќе не поддржи и овој пат како на натпреварот со Шпанија и ќе дојде во голем број на 9 октомври на арената Филип Втори, изјави селекторот Љубинко Друловиќ.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот