X
 30.06.2016 Живот

Што Македонија може да научи од Исланд?

Исланд претставуваше едно од најголемите изненадувања во Европското првенство во фудбал 2016. Што може Македонците да научат од овааа северна земја?


Играјте според сопствените сили

Исланд даде два голови во 12 минути додека играше против Англија, а имаа шанса дури и за трет гол. Но, иако ова беше импресивно, изненади начинот на кој тие играа без топката. Тие беа организирани во одбраната и го отежнаа начинот на Англија за напад.


Подобрете ги увежбаните акции

Клучот за победата на Исланд против Англија беше во нивниот одговор само 34 секунди откако противникот водеше. Увежбаните акции биле основа на исландскиот успех во првенството. Исланд покажа дека треба да имате стил или план кој најмалку им се допаѓа на противниците.


Најдете добар тренер

Кога Ларс Лагербак бил назначен за менаџер на Исланд во 2011, тој донесе ново ниво на професионалност. Тој се грижи дури и за најмалите детали, како храната на играчите и летовите за натпреварите. Лагербак (67) кој е тренер заедно со Хејмир Халгримсон, бил менаџер на Шведска 9 години, а ја водел и Нигерија на Светското првенство во 2010 година.

Не се плашете да одберете постари играчи

Исландскиот тим има осум играчи во 30-те години или постари. Ејдур Гудјонсен има 37 години. Тој првпат се појавил во Премиер лигата пред две децении. Италија, која ја победи Шпанија истиот ден кога Исланд триумфираше, во тимот има 38-годишен играч - Буфон.


Зголемете ја љубовта кон фудбалот

Пред историската победа над Англија, Исланд стана земја луда по фудбалот. Се чини дека секоја втора личност е дел од фудбалски клуб како играч, тренер или поддржувач. Пред помалку од деценија биле изградени стотици игралишта насекаде низ земјата на кои играчите играат дури и зиме.

Со население од само 330.000 луѓе, земјата има најголем процент на тренери квалификувани од УЕФА по население, со еден на секои 500 луѓе.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот