Најпознатите светски диктатори неретко биле големи љубители на фудбалот, додека светот ги памети по нивните злосторства, убиства, желбата за потчинување и апсолутизмот.
Дали некогаш сте се запрашале за кого навивале Хитлер, Мусолини, Франко, Чаушеску, Мугабе..? Овие, но и многу други слични на нив, останале запишани на најлошите страници во светската историја, а не сме сигурни дека нивните омилени клубови се среќни што ги имале меѓу најверните поддржувачи.
Лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, наводно бил страстен љубител на фудбалот, а од сите германски клубови, најомилен му бил Шалке 04. Но, германскиот великан неодамна ги демантирал тврдењата на британските медиуми со појаснување дека во евиденцијата на клубот не постои податок поврзан со негово членство во клубот или купена влезница за некој натпревар.
Бенито Мусолини, братот по фашизам на Хитлер, бил навивач за Лацио, додека неговиот шпански колега,
диктаторот Франко, според информациите, бил голем љубител на фудбалот, но никогаш не се разјаснило за кој клуб од престолнината навивал: Реал или Атлетико. Како и да е, навивачите на двата клуба не сакаат да си признаат дека Франко навивал за нивниот најдраг клуб.
Романскиот диктатор, пак, Николае Чаушеску, навивал за романскиот првенец, Стеауа, која во негово време нижела победи за кои до денес се зборува. Во средината на осумдесеттите била и првак на Европа. Во тоа време Романија воопшто не штедела за фудбалот, додека обичните луѓе вегетирале без храна, вода и слобода.
Британските медиуми пишувале и за фудбалската страст на Осама бин Ладен. Додека бил жив, талибанскиот лидер не ги пропуштал натпреварите на Арсенал, но не постојат информации дека присуствувал на некој од тие натпревари.