Како можете да предвидите кој тим ќе го крене пехарот на Светското првенство во Москва, на 15 јули?
Анализирајќи ги трендовите, статистиките и шемите од претходните натпревари, „Би-би-си спорт“ елиминира 31 нација и заклучи која земја ќе биде светски шампион во фудбал.
Еве неколку работи што победникот на Светското првенство 2018 мора да ги направи...
Moра да биде рангиран
Откако Светското првенство се прошири на 32 екипи во 1998 година, сите евентуални шампиони биле рангирани. Всушност, последните нерангирани добитници биле Аргентинците во 1986 година, кога Аргентина го освои трофејот благодарение на Диего Марадона и неговиот гол, познат како „раката на Бог“. Со тоа, во еден потег се отстрануваат 24 тима, а остануваат осум: Франција, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Русија.
Не треба да биде домаќин
Со светски пласман на 66. место, тие не би биле во топ-осумте ако не беа домаќини.
Тоа што се домаќини на Светското првенство не значи дека се на патот кон успехот како што некогаш било правило. Во првите 11 натпревари, од 1930 до 1978 година, имало пет победници што биле домаќини. Оттогаш, во изминативе девет првенства само еден домаќин го освоил првенството - Франција во 1998 година.
Резултатот треба да е тесен
Во ерата на 32 екипи, ниту еден од петте шампиони не примил повеќе од четири гола на седумте натпревари. Полска имаше најлоша одбрана за време на квалификациите и прими 1,4 гола по натпревар.
Германија и Португалија примиле 0,4 гола по игра, Белгија и Франција 0,6, Бразил 0,61 и Аргентина 0,88.
Со тоа, остануваат шест тима: Франција, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија.
Треба да е од Европа
Победниците на Светското првенство обично се или од Европа или од Јужна Америка. До неодамна европските тимови немаа добри резултати, но успехот на Шпанија во Јужна Африка и триумфот на Германија во Бразил го вратија трендот.
Сепак, европските турнири речиси секогаш произведуваат домашни победници. Од 10 првенства што биле одржани во Европа, само една нација-аутсајдер го освоила трофејот; треба да се вратите во 1958 за победата на Бразил во Шведска.
Останатите четири екипи се: Франција, Белгија, Германија, Португалија.
Мора да го има најдобриот голман
Можеби мислите дека голгетерите ги освојуваат светските првенства, но од 1982 година наваму само двапати шампионите обезбедиле победник на „Златната копачка“ - Роналдо од Бразил во 2002 и Дејвид Виља од Шпанија во 2010 година.
Но победниците на Светското првенство всушност се попрецизно дефинирани од страна на нивниот голман, со тоа што четири од последните пет „Златни ракавици“ му припаднале на најдобриот голман од првенството.
Од останатите четири екипи, не е тешко да се замисли дека Мануел Ноер (Германија), Хуго Лорис (Франција) или Тибау Куртоа (Белгија) би можеле да бидат именувани за најдобриот голман.
Мора да има искуство
Светското првенство најчесто го освојуваат тимови што се поискусни, тренд што започна кога првенството се прошири на 32 тима во 1998 година.
Во таа пригода шампионот Франција имал играчи што учествувале на меѓународни натпревари со просек 22,77 натпревари на играч. Пред четири години Германија имаше подобрување, со 42,21 по играч. Бразил во 2002 година имал просек 28,04 по играч, Италија 32,91 во 2006 и Шпанија 38,39 во 2010 година.
Кога трите преостанати тима го покажаа составот со кој ќе се претстават на Светското првенство во Русија, просекот во Франција се намали на 24,56 натпревари по играч, додека просекот на Германија беше 43,26. Просекот на Белгија беше 45,13 натпревари по играч.
Останатите два тима: Белгија и Германија
Не треба да биде бранител на титулата
Светското првенство е тешко да се одбрани. Но откако Бразил победи во 1958 и 1962 година, тимот го крена трофејот двапати по ред.
Од овој успех на Бразил, 13. бранители на трофејот го поминале само четврт-финалето - Аргентина во 1990 година и Бразил во 1998 година.
Германија има одлични резултати на Светското. Двапати има победено, има дојдено до три финалиња и двапати завршила на трето место.
Но кога станува збор за повторно освојување во Русија, историјата е против неа.
Со тоа, останува Белгија. Белгија ќе победи на
Светското првенство. Освен ако не победи некој друг тим.