X
 02.10.2015 Технологија

Како да си направите профилна гиф фотографија за Фејсбук?

Фејсбук објави нова мобилна опција за профилната фотографија кај неколку среќни корисници, па ако сте вие дел од нив, тоа значи дека имате пристап до новите гиф профилни фотографии.

 

1


За да откриете дали ги имате овие нови профилни опции, треба да го проверите вашиот профил на мобилната апликација (моментално, достапно е само за iOS платформата). Одете на „More“, а потоа изберете го вашето име за да влезете во вашиот профил. Ако ја имате новата опција, веднаш ќе забележите дека вашата слика стои на средина на страната, и ќе ви излезе опција која ќе ве праша дали сакате да додадете нова содржина во вашата биографија - притиснете edit и внесете што сакате.

 

2


Она што е важно е вашето профилно видео. Треба да постои икона која ќе трепка меѓу камерата и видео симболот на вашата профилна слика. Кликнете го тоа и изберете дали сакате да снимите видео или да поставите видео.

Видеото може да биде само седум секунди. Ако го имате новиот iPhone 6S или 6S Plus, тогаш ова е одлична можност да ги покажите Live Photos. Она што преостанува да направите е да додадете фотографии. Под About me делот, ќе видете пет места за сликите кои сте ги избрале.  

Иако сето ова може да се види на Фејсбук, единствено може да се промени само преку мобилната апликација.

 

ТУКА погледнете како изгледаат.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија