Оние кои се плашат од игли, не сакаат искуството да го доживеат повеќе од еднаш. А и понекогаш дури и искусните медицински професионалци можат понекогаш да направат грешка, па добро е да се има помош.
VeinViewer користи безболно, инфрацрвено светло за да покаже точно каде се наоѓаат вените и да им помогне на медицинските професионалци.
Дизајнирани од компанијата Christie Medical Holdings, уредот може да ги пронајде вените и потоа веднаш да ги покаже на раката. Посебното светло може или да биде апсорбирано од хемоглобинот во крвта, или може да се рефлектира од кожата и да ги најде вените.
„Само VeniViewer може да обезбеди поволности за време на целосниот процес на земање на крв“, вели Џорџ Пино, претседателот на Christie Medical Holdings.
Со оваа алатка, давањето на крв може да стане многу полесен и попријатен процес.