„Spies Travel“ чиешто видео „Do it for Denmark“ го запрепасти светот, сега со нов трик ги „тера“ Данците да имаат повеќе секс: чувството на вина.
Создавачите на виралниот хит „Do it for Denmark“, видео кое ги охрабрува Данците да имаат повеќе бебиња, сега се враќа со ново видео. Овој пат, туристичката агенција повеќе се потпира на вината отколку на патриотизмот и на Данците им вели: „Направете го тоа за мама!“.
На видеото објавено во средата, туристичката агенција им вели на постарите родители да придонесат за сексот на нивните постари деца за возврат тие да добијат внучиња.
„Данскиот систем на благосостојба е под притисок. Се`уште нема доволно родени бебиња, и покрај малиот напредок. И ова не` засега сите. Но оние кои најмногу страдаат се мајките кои никогаш нема да доживеат да имаат внуче“, се вели во новата реклама, прикажувајќи постара жена која си го
замислува нејзиното идно внуче.
Видеото покажува како жената го соблекува градникот на сопругата на нејзиниот син со цел да му помогне да има секс со неа, нешто за кое оваа туристичка агенција признава дека е малку непријатно.
Мајките на нивните возрасни слободни деца исто така можат да им помогнат во сексот, дури и кога нивното дете не е најдобриот тимски играч. Рекламата завршува со мајката која го испраќа нејзиниот возрасен син на одмор каде тој се среќава со девојка и на крај неговата мајка добива внуче.