X
 13.12.2023 Забава

Играта „Вамагедон“ ве предизвикува да не ја слушате песната „Last Christmas“ за време на празниците

Оваа година илјадници луѓе се обидуваат да го избегнат празничниот хит „Last Christmas“.

Станува збор за игра наречена „Вамагедон“ (Комбинација од името на групата „Wham!“ и армагедон), која се случува во последните 18 години, откако Данецот Томас Мерц и неговите пријатели почнале да ја забележуваат песната насекаде.

И сега луѓето ја продолжуваат оваа традиција, обидувајќи се да ја избегнат песната кога и да можат.

Овој месец еден диџеј ја пушти песната за време на фудбалски натпревар во Нортхемптон Таун во Англија, мислејќи дека би било смешно и интересно. Но, наместо тоа, тој бил пречекан со напади и разочарување од учесниците.

- Не мислев дека толку сериозно ја сфаќаат играта. Официјално му се извинувам на секој што му го уништив Божиќ - изјави диџејот.

Според веб-страницата на Мерц наречена „Вамагедон“, правилата се едноставни: Обидете се да поминете што е можно подолг период без да ја слушнете оригиналната верзија на „Last Christmas“ од групата „Вам!“, во периодот од 1 до 24 декември.

Мерц вели дека неговата веб-страница имала над 500.000 посетители минатата година. И не, не постои никаква лична одмазда против песната, туку едноставно станува збор за смешен и интересен предизвик што неколку Данци одлучиле да го реализираат за да се забавуваат за време на новогодишните и божиќните празници, објаснува Мерц.

Но, се чини дека на остатокот од светот не му оди добро оваа игра со оглед на тоа што „Last Christmas“ моментално е број 1 на топ-листата во Обединетото Кралство и број 5 на листата „Хот 100“ во САД.



Извор: Vulture.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава