X
 01.11.2018 Култура

Во кои земји растат најпродуктивните луѓе?

И покрај нивната репутација на строги, учени луѓе, економистите често си играат со метафорите исто како и писателите. Еден од таквите примери е „човечкиот капитал“, како што истакнува Деидра Меклоски од Универзитетот во Илиноис.

Во тој дух, Светската банка оваа недела претстави нова мерка за човечки капитал за 157 земји. Нејзиниот индекс комбинира пет показатели на здравје и образование (вклучувајќи шанси за смрт пред петтата година од животот и помеѓу 15 и 60 години, шанси за забавен раст, години на образование што просечното дете ќе ги заврши до 18. година од животот и бодовите што може да ги очекува на училишните тестови) за да се утврди колку човечки капитал ќе се собере во текот на животот на една личност што е родена денес.

продуктивност
Фото: Thinkstock


Слично мерење за 195 држави од Институтот за мерење и процена на здравјето било објавено во септември.

И двата индекса се обидуваат да го рефлектираат квалитетот на образование, а не само квантитетот. Сѐ поголем број земји сега учествуваат во иницијативи како што е ПИСА, програмата за меѓународна процена на учениците, која во 2015 година испитала ученици во 72 земји. Со мал напор, овие различни мерки може да се споредат. Тоа на истражувачите им помага да пресметаат колку години школувањето вреди во различни делови во светот. На пример, Светската банка проценува дека една година образование во Јужна Африка вреди само околу 60 отсто колку во Сингапур.

Не е изненадување тоа што поврзаноста помеѓу два индекса е блиска. Америка се наоѓа на 24. место на новиот индекс на Светската банка, а на 27. според процената на Институтот за мерење и процена на здравјето. Кина се наоѓа на 46. место на новиот индекс на Светската банка, а на 44. на индексот на Институтот за мерење и процена на здравјето. Но, постојат и значајни разлики. На индексот на банката, Бангладеш е подобар од Индија, Виетнам е подобар од Малезија, а Британија е подобра од Франција. Ништо од ова не е точно на скалата на Институтот за мерење и процена на здравјето.

Различни земји исто така стојат на врвот на две табели. Сингапур води на табелата на банката, но на табелата на Институтот за мерење и процена на здравјето се наоѓа на 13. место, што пак ја става Финска на врвот. Дивергенцијата одржува две разлики во пристапот. Методата на Светската банка го игнорира високото образование.

Индексите не се само вежби за мерење, туку и мотивациска алатка. Светската банка се грижи дека владите премалку вложуваат во човечкиот капитал бидејќи резултатите доаѓаат бавно.

И двата индекса се дизајнирани да бидат иднина, мерење на човечкиот капитал што ќе се акумулира ако новороденчето расте во здравствени и образовни услови што преовладуваат сега. На пример, со одлуката на Франција да започне задолжително школување на возраст од три години, земјата ќе го подобри својот статус на скалата штом почнат да се запишуваат првите деца.

Индексот на Светската банка нуди понатамошен напредок во реформите. Користи истражување за економскиот поврат на здравјето и образованието за да ги утврди компонентите на својот индекс според придонесот кон продуктивноста.

За жал, прецизноста на индексот сè уште е задушена од недостигот на податоци и сфаќање на економистите. На пример, врската помеѓу заостанувањето и продуктивноста останува нејасна. Многу земји нередовно ги испитуваат своите ученици, ако воопшто ги тестираат. Ако учениците не се испитуваат до 15-годишна возраст, секоја реформа што им помага на учениците од основно одделение нема да го подобри рангирањето на земјите додека не станат доволно стари за тестовите да се спроведат.

Самата Светска банка ги забележа недостатоците во податоците. Се очекува постоењето на индексот да ги мотивира владите да собираат податоци за индексот да почне да покажува попрецизни податоци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура