Четири европски универзитети влегоа во светските топ десет за оваа академска година на листата на „Times Higher Education University Rankings“. Американските универзитети останаа доминантни и во оваа академска година.
Клик за поголема резолуција
Според „Times Higher Education University Rankings“ американците имаат 147 универзитети меѓу најдобрите 800, додека на листата на 10-те најдобри универзитети, четири од нив се од Европа и тоа: британскиот Оксфорд (второ место), Кембриџ (четврто место), Кралскиот колеџ во Лондон (осмо место) и на десетто место се наоќа универзитетот ETH од Цирих.
Најдобриот пласиран универзитет на листата е Институтот за технологија од Калифорнија, а меѓу десетте најдобри се наоѓаат Харвард, Технолошкиот институт во Масачусетс, Принстон и Универзитетот во Чикаго.
Сајмон Маргинсон, професор по меѓународно високо образование на Институтот за образование при Универзитетскиот колеџ во Лондон, објаснува дека трендовите прикажани на листата не се опаѓање на нивото на високото образование во Америка, туку резултат на развојот на високото образование во другите земји.
Германија исто така има околу 20 универзитети кои се наоѓаат меѓу најдобрите 200, што е значително повеќе од минатогодишните 12. Холандија меѓу најдобрите 200 има 11 универзитети додека Универзитетот ETH од ЦИрих е првиот не англо-саксонски универзитет меѓу десетте најдобри во последната деценија.
„Европа станува доста голема конкуренција на пост-докторско ниво, кадешо Америка со векови беше доминантна точка во глобалниот тек на талентирани луѓе“, вели Маргинсон.
Положбата на британските универзитети би можела значително да се влоши во следните десет години поради анти-миграциската политика на британската влада, додека излегувањето од Европа би го зголемил падот, тврди Маргинсон.
Меѓу овогодинешните најдобри 800 универзитети се наоѓаат универзитети од 70 различни земји, што е за 29 повеќе од минатата година. За прв пат на листата се појавуваат универзитети од земјите како Бангладеш, Индонезија и Кенија.
Целосната листа можете да ја погледнете
тука.