X
 25.12.2015 Живот

Најдобрите божиќни песни на сите времиња

Мараја Кери прави огромна сума на пари секој пат кога се пушта нејзиниот божиќен хит.

 


Сепак нејзиниот хит „All I want for Christmas“ се наоѓа на трето место на листата на најдобрите божиќни песни на сите времиња, за кои се очекува да создадат огромна сума на пари.



Најголемите победници се „Slade“ - за кои се очекува да заработат 1.02 милиони долари од нивниот хит „Merry Xmas everybody“. Тука некаде се и рокерите „The Pogues“, чијашто песна „Fairytale of New York“ заедно со Кристи МекКоли се предвидува да заработу 821.000 долари. После нив следува Мараја Кери со „All I want for Christmas“ за што се очекува да заработи 772.000 долари.



Не ни чудно што поп ѕвездите како Кајли Миног и Ариана Гранде создаваат божиќни песни со надеж дека и тие ќе бидат дел од листата и ќе заработат пари. Ариана создаде микс од божиќни песни наречен „Christmas and chill“ со водечката песна „Wit it this Christmas“, додека Миног заедно со уште неколку пејачи, вклучувајќи ја и нејзината сестра Дани, создаде цел божиќен албум во кој е вклучена и нејзиниот хит од 2000 година „Santa Baby“.

Мејси Греј придобива поени со нејзината песна „All I want for Christmas“.

Поголемиот дел од пејачите создале божиќни песни низ годините - од Рики Мартин до Глорија Естефан. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот