X
 04.09.2015 Образование

Германските универзитети отсега бесплатни за имигрантите


Германските универзитети досега нудеа бесплатно или речиси бесплатно образование за домашните и странските жители, а сега дури 60 универзитети ги отвораат вратите и за бегалците. Главната цел е побрзо вклопување на имигрантите во германското општество преку образованието.

Универзитетите ќе ги поттикнуваат имигрантите да го учат германскиот јазик. Освен тоа, дел од универзитетите организираат програми преку кој волонтери-студенти ќе им помагаат на имигрантите при учењето, а некои обезбедуваат и бесплатен превоз и финансиска помош за нив.

Државата, исто така, одлучила да помогне, па од 2016 година имигрантите ќе може да се пријавуваат за добивање стипендии по 15-месечен престој, наместо 4-годишен како досега.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование