X
 12.11.2019 Технологија

Студентите на Технолошкиот институт во Масачусетс ги претставија своите роботи „мини-гепарди“

Студентите од Технолошкиот институт во Масачусетс, од насоката биометриска роботика, ги однесоа на прошетка нивните „мини-гепарди“ во дворот на факултетскиот кампус за да демонстрираат што сè тие можат да направат.

Резултатот од нивната вежба не само што е неверојатен, туку е и импресивен показател на моменталната состојба на развојот во роботиката.

Студентите со вкупно девет роботи извеле цела низа координирани акции, од координирани движења, преку салта, до играње фудбал. „Мини-гепардите“ тежат само 10 килограми и тие се намалена верзија од „гепард 3“, многу поголем и поскап робот.

Овие роботи се дизајнирани така што се составуваат како лего-коцки, издржливи се и евтини. Може да се движат на предните и на задните нозе, но посебно импресионира успешното изведување салто. Максималната брзина на роботите е 7,5 километри на час, што е еквивалентно на побрзо одење.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија