X
 14.04.2022 Наука

Метеорит од 2014 година е првиот меѓуѕвезден објект што удрил во Земјата

Неодамна објавени податоци покажале дека меѓуѕвездено вселенско тело експлодирало над Земјата во 2014 година. Експлозијата ја виделе жителите на Папуа Нова Гвинеја, но досега не била спроведена анализа за настанот бидејќи податоците не биле јавно достапни.

Откако податоците станале јавно достапни, се заклучило дека станува збор за мал метеорит широк околу половина метар кој удрил во Земјината атмосфера на 8 јануари 2014 г. Метеоритот патувал со брзина од 210.000 километри на час, што е побрзо од повеќето метеорити во нашиот Сончев Систем.

Според научниците, брзината и патеката на движење на метеоритот покажуваат дека тој доаѓа од место кое е надвор од нашиот Сончев Систем. Овој заклучок бил потврден и од страна на други независни експерти за време на процесот на рецензија кој траел три години.

Со потврдувањето на заклучокот, овој метеорит станува првото меѓуѕвездено вселенско тело што удрило во Земјата и било откриено во нашиот Сончев Систем.

Тој влегол во нашата атмосфера три години пред познатиот Оумуамуа, кој е меѓуѕвезден објект во нашиот Сончев Систем откриен во 2017.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука