Новото истражување од „Obesity research & Clinical“ открива дека денес на луѓето им е многу потешко да ја одржуваат тежината отколку на луѓето на нивна возраст пред 20 години, дури и со внесување на истата количина на калории и вежбање.
Дали сте забележале дека на училишните фотографии од вашите родители, ретко кој е подебел, и сите генерално се слаби? Веројатно сето тоа се припишува на нездравата храна која ја јадеме денес, слатките и слично.
Сето ова можеби е вистина, но кога ќе погледнете како вашиот татко за ручек ќе изеде осум сарми, малку е тешко да се поверува дека постарите генерации воделе сметка за нивната тежина.
Може сето ова да се поврзи со физичката активност, со денешниот начин на живот - седење пред екраните и генералната мрзеливост.
Дел од проблемот кој новите генерации го имаат е поврзан со физичката активност. Сепак, денешните млади луѓе често посетуваат теретана, идеалите за убавината се многу построги и голем број луѓе се занимаваат со некаква спортска активност. Како е тогаш возможно луѓето денес да се 10% потешки?
Авторите на истражувањето ги споредиле дневниците за исхрана на 36.400 Американци во периодот помеѓу 1971 и 2008 година и податоците за физичката активност на 14.419 луѓе помеѓу 1988 и 2006 година. Податоците беа групирани според возраста, количината на изедена храна, физичката активност и индексот на телесна маса.
Споредувајќи ги податоците, дојдоа до доста чуден заклучок. Луѓето на возраст од 26 години, кои во 2006 година јадат еднаква количина на храна, и внесуваат еднаква количина на калории, тежи повеќе од неговиот врсник од 1988 година и има поголем индекс на телесна маса за 2.3 бодови.
Џенифер Кук, професорка по кинезиологија од Универзитетот Јорк во Торонто, ги објасни резултатите од истражувањето.
„Ова истражување не` доведува до заклучок дека постојат други фактори освен исхраната и вежбањето кои влијаат врз телесната тежина“, вели таа.
Кои фактори се тие, се`уште се претпоставува. Постојат три фактори кои најверојатно влијаат врз зголемување на телесната маса на денешната популација.
Прво, луѓето денес се изложени на поголем број хемикалии кои можат да влијаат врз зголемувањето на тежината. Пестицидите и соединенијата кои се користат при пакување на храната може да влијаат врз хормонските процеси на телото и да го променат начинот на кој телото го таложи вишокот.
Второ, антидепресивите и анксиолитиците направија експлозија на светскиот пазар на лекови. Најчестите несакани ефекти кај овој тип лекови е зголемувањето на тежината.
На крај, многу научници тврдат дека врз промената на тежината кај населението влијаат и бактериите кои настануваат во човечкиот дигестивен систем. Оваа промена е предизвикана со зголеменото внесување на месо и месни преработки, кои се третирани со хормони и антибиотици што и тоа како влијаат врз помената на бактеријата.