Во денешното гостување на премиерот Груевски во вестите на Сител се осврна и на проблемите со студентските домови кои со години ги мачат студентите.
- Планираме да почнеме подготовки за градба на нов студентски дом кој би сместил од 5000 до 10000 лица зависно од потребите. Размислуваме за локацијата каде ќе биде. Разгледуваме варијанти во Центар, Гази Баба, Ѓорче, во наредните десеттина дена би требало да ја одредиме точната локација, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека размислуваат како да најдат начин ако е можно да се забрза реновирањето на „Гоце Делчев“ кое што е започнато.
- Се почна со реновирање од блокот Б кој беше во најлоша состојба. Завршено е реновирањето на овој блок, се чека внесувањето на новиот мебел. За еден месец, сите оние кои се од блокот А ќе се вселат во блокот Б за да почне реновирањето на блокот А. Остануваат двата други блока В и Г , ќе треба најмалку уште една година, можеби и повеќе. Од тие причини бараме начин како да се забрза сето тоа. Нашето ветување како што беше си тече. Ќе видиме како ќе се најде начин за да се забрза, имаме разни варијанти, рече Груевски.