Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографии од новиот студентски дом за студентите што студираат на Медицинскиот факултет во Тирана.
- Домот е одново изграден по земјотресот во 2019 година, со оптимални услови како секаде во Европа, подготвен да ги дочека студентите оваа академска година - објави Рама на „Фејсбук“.
Претходно, градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, изјави дека се направени две згради со вкупен капацитет за сместување 400 студенти и додаде дека половина од сумата што се плаќа за сместување ќе биде субвенционирана од страна на општината.
Во продолжение можете да ги видите фотографиите од домот.
Извор:
Facebook |
Top Channel