Пандемијата донесе многу промени, но и ги зголеми разликите помеѓу луѓето. Сепак, светот треба да се менува доколку луѓето сакаат да напредуваат. Неодамна починатата Рут Бејдер Гинсбург, судијка во Врховниот суд на САД, беше личност од која може многу да се научи кога станува збор за инспирирањето позитивни промени.
Двајца професори по бизнис и еден претприемач неодамна ја
анализирале кариерата на Гинсбург за да извлечат лекции за лидерите низ светот.
Малите чекори водат до радикални промени
Кога некоја ситуација изгледа како неправедна или се наоѓате во монотона фаза, нормално е да бидете нетрпеливи додека ја чекате промената. Но силниот напор може да ве доведе до ѕид. Во ред е да имате визија за долгорочна радикална промена, но треба да разберете дека најбрз начин да стигнете дотаму е чекор по чекор.
Во борбата за родова еднаквост Гинсбург се трудела да ги промени погледите на другите судии случај по случај. Таа застапувала само шест случаи за родова дискриминација пред Врховниот суд од 1973 до 1979 г., притоа внимателно одбирајќи го секој случај што би ѝ помогнал во нејзината цел.
Претставете ги аргументите пред вашата публика
На сличен начин, доколку имате страст да направите голема промена, зборувањето пред оние за кои сметате дека се на погрешната страна може да биде неефективно. Рут сфатила дека со испраќање на пораката до вашите поддржувачи ги подобрувате шансите за правење позитивна промена.
Фото: Рут Бејдер Гинсбург/Wikipedia
Во четири од гореспоменатите шест случаи Гинсбург застапувала мажи кои биле дискриминирани поради законски регулативи, како вдовци што добивале помали примања отколку вдовиците. Ова бил паметен потег на Гинсбург со оглед на тоа што таа ги застапувала жртвите пред суд полн со мажи. Со оваа стратегија таа се борела за еднаквост помеѓу двата рода.
Не согласувајте се без да се карате
Рут сметала дека сите треба да ги земат предвид мислењата на другите кога ги обликуваат аргументите, но и дека може да им се допаѓаат луѓето со спротивни ставови. Таа била пријателка со конзервативниот колега Антонин Скалија.
Оваа тактика има ограничувања, но во многу случаи лидерите може и треба да го одделат индивидуалецот од идеологијата. Доколку најдете заеднички интереси и ставови, полесно ќе биде да најдете решение за работите за кои не се согласувате.
Автор: Џесика Стилман
Извор:
inc.com