Илон Маск почнал да се интересира за програмирање додека играл видеоигри. Основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Екс“ зборувал за љубовта кон видеоигрите и начинот на кој тие го поттикнале да ги следи соништата.
Денес Маск не е само програмер. Тој е основач на повеќе компании кои нудат решенија за големи проблеми. „Тесла“ произведува електрични автомобили, „Спејс Екс“ планира да воспостави колонии на Марс, а „Хајперлуп“ ќе понуди нов метод на брз превоз. Овој месец Маск стана третиот најбогат човек во светот.
Но ништо од ова не би се случило ако Маск не научел да програмира затоа што многу сакал видеоигри. Сè започнало кога имал околу 10 години и со татко му патувал во САД. Маск бил роден во Јужноафриканската Република.
Она што најмногу му оставило впечаток од патувањето биле аркадите. Тој открил во интервју дека многу згради во САД имале аркади и тој сакал да ги гради. Еден начин на кој можел да гради аркади бил во видеоигрите. Но за Маск, сите видеоигри биле многу интересни и поради нив сакал да научи програмирање.
Фото: Screenshot/Youtube
- Мислев дека може да си правам сопствени видеоигри - изјавил Маск во интервју.
Тој го научил програмскиот јазик BASIC од прирачник. Кога имал 12 години, продал програма за неговиот компјутер на списание за околу 500 долари. 11 години подоцна тој и неговиот брат ја основале „Зип2“, компанија која нудела упатства за градови, мапи и телефонски именици за новинарската индустрија.
Подоцна тие ја продале компанијата за 307 милиони долари. Маск изјавил дека тој стоел зад поголемиот дел од програмите што биле направени од компанијата. Маск ги искористил финансиите од продажбата на компанијата за да ја основа компанијата што потоа ќе стане „Пејпал“, која во 2002 ѝ била продадена на „Ибеј“ за 1,5 милијарда долари.
Оваа продажба му го донела богатството на Маск и придонела научниците и претприемачите да го сфатат сериозно кога решил да прави ракети и електрични автомобили.
Автор: Минда Зетлин
Извор:
inc.com