X
 28.04.2020 Економија

Млад претприемач го заработил првиот милион на 21 година работејќи од дома

Претприемачкиот живот на 21-годишниот Илај Денџерфилд почнал кога тој имал 14 години. Во текот на патување во Тајланд неговата мајка го поттикнала да замисли како би било секој ден да живее како да е на одмор. Тој одлучил дека клучот за добар живот е во работата за себе, без потреба од работа во канцеларија за некој друг.

Така тој почнал да бара начини за заработка преку интернет, а набрзо се запознал со идејата за продажба на интернет. Денџерфилд ги истражувал онлајн-продавниците и брендовите што имале милионски заработки и одлучил да го следи нивниот пример. Тој почнал да продава квалитетни, но достапни часовници. Тинејџерот ја собрал заштедата и купил производи кои потоа ги препродавал на интернет.



Тој го лансирал брендот „Елмор Луис“ во 2016 година, на 17-годишна возраст. Набрзо почнал соработка со агенција за рекламирање, но неколку месеци забележувал загуби. До крајот на 2017 г. имал само 300 долари на својата сметка и мислел дека бизнисот му пропаднал.

Одлучил да организира последна распродажба и да ги искористи сите пари за рекламирање. Таа вечер заработил над 1.200 долари, а следниот ден заработката изнесувала 7.000 долари. Денџерфилд вели дека го направил спротивното од она што го правела маркетинг-агенцијата, односно се рекламирал на места на кои претходно не го правел тоа, а тоа ја направило разликата. Таа недела заработил над 21.000 долари.

Денџерфилд вели дека го заработил првиот милион на 21-годишна возраст.

- Сега заработувам 300.000 долари месечно преку мојот лаптоп, од дома. Не мора ниту да станам од креветот ниту да ги соблечам пижамите - вели тој.



Денџерфилд купил автомобил кој чинел 50.000 долари кога имал 20 години, а досега патувал на повеќе локации, меѓу кои и Лос Анџелес, Индонезија и низ Австралија. Во моментов тој се фокусира на развивање на својот бизнис, но и нуди совети за другите да успеат како него.

Според него, најважно е да се препознаат можностите на пазарот, да се најде победничкиот начин за продажба, како и да се создава добра маркетинг-содржина за социјалните мрежи.

Автор: Алексис Кери
Извор: nzherald.co.nz
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија