X
 15.10.2015 Технологија

Погледнете како ќе се произведуваат новите патики на АДИДАС

Компанијата Adidas која се занимава со производство на спортска опрема, е една од водечките во оваа област насекаде низ светот.

 

logo


За да го подобри своето производство, таа создаде и претстави нешто ново на пазарот - нов начин за произведување на спортска облека.

Имено, Adidas ги создаде патиките со помош на компанијата Materialise, а патиките ќе бидат испечатени со 3D печатар.

Adidas смета дека ова е начинот на кој ќе се произведуваат патиките во иднина, а нивниот најнов модел ќе го започне овој процес. Целта на оваа компанија е во иднина да направи патики наменети за секоја личност на која ѝ се потребни. Иако нема да престане со масовното производство, сепак тие сакаат со ваквото производство на патики да им се приближат на купувачите за да добијат производ кој целосно ќе му одговара на купувачот.

Тие замислуваат дека продажбата и производството треба да се одвива во иста просторија. Имено, тие замислуваат дека кога купувачот ќе влезе во Adidas продавниците, тој за почеток малку ќе потрча на лентата за трчање. После тоа, преку сензори тие целосно ќе го нацртаат стапалото на купувачот - после тоа започнува процесот на производство на облека која купувачот сака да ја купи.

Патиките би се печателе според отпечатоците на стапалата кои купувачот ќе ги остави на лентата за трчање. На овој начин, секој купувач би имал патики направени само за неговите стапала. Освен тоа, патиките направени на овој начин на купувачот ќе му дадат посебно чувство и ново искуство.

Вака ќе изгледа процесот на производство.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија