X
 16.10.2015 Култура

Франција поставува диспензери за приказни на улиците

Телефони, се гледаме подоцна! Добредојде назад, читање од хартија.


Гренобл, град на Француските Алпи нè враќа назад во времето кога читавме приказни на хартија, наместо да ги гледаме во видео и слично. Се работи за диспензери на приказни кои се поставени на јавни места за да се намали здодевноста при чекањето.

Денес е нормално да гледаме во телефоните додека чекаме за нешто, но градот Гренобл сака жителите да ги искористат овие мигови за да прочитаат добра приказна.

Една добра страна на овие диспензери е и тоа што тие се бесплатни за секого.

Иницијативата доаѓа од соработка меѓу основачите на издавачката куќа „Short edition“ и мајорот на Гренобл, Ерик Пиол.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура