X
 22.05.2017 Култура

Цитати од книги кои ќе го променат вашиот живот: „Среќата е највисоката форма на мудрост“

Книгите отсекогаш биле начин за бегство за повеќето луѓе. Понекогаш, она што ќе го прочитате во книгата ве тера да размислите малку подлабоко за вашиот живот и како можете да го промените.

„Како ги поминуваме нашите денови, покажува како ги поминуваме нашите животи“ - „The Writing Life“, Ен Дилард

„Не смеам да се плашам. Стравот е убиец на умот. Стравот е смрт која целосно ќе ве исфрли. Ќе се соочам со стравот. Ќе дозволам да помине над мене и преку мене. И кога ќе замине, ќе го свртам внатрешното око за да го видам неговиот пат. Онаму каде што беше стравот нема да има ништо. Ќе останам само јас“ - „Dune“, Франк Херберт

„Дали може човек да е храбар ако е исплашен?“
„Тоа е единствениот пат кога човек може да е храбар“, му рече неговиот татко“ - „Игра на тронови“ (Песна за мраз и оган), Џорџ Р.Р. Мартин

„Може не сум бил онаму каде што имав намера да одам, но мислам дека завршив онаму каде што требаше да бидам“, „The Long Dark Tea-Time of the Soul“, Даглас Адамс

„Набрзо почувствува дека исполнувањето на неговите желби му дадe само трошка од планината среќа која тој ја очекуваше. Ова исполнување му ја покажа вечната грешка која луѓето ја прават кога замислуваат дека нивната среќа зависи од остварувањето на нивните желби“, „Ана Каренина“, Лав Толстој

„Ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме“- „The Perks of Being a Wallflower“, Стивен Чбоски

„Кукавиците умираат многу пати пред нивната смрт, храбрите само еднаш ја почувствуваат смртта“ - „Јулие Цезар“, Шекспир

„Нашите животи не се наши. Од утроба до гроб, ние сме обврзани со другите, во минатото и сегашноста. И со секој криминал и секоја љубезност, ја раѓаме нашата иднина. Верувам дека постои уште еден подобар свет кој нè чека нас. И ќе те чекам таму“ - „Cloud Atlas“, Дејвид Мичел

„Љубомората е болест, љубовта е здрава состојба. Незрелиот ум често ги меша или претпоставува дека колку е поголема љубовта, толку е поголема љубомората - всушност, тие две не можат да се споредат: едната емоција едвај остава простор за другата“ - „Stranger in a Strange Land“, Роберт А.Хеинен

„Морално лошо е да не се грижиш дали нешто е вистина или не, сè додека прави да се чувствуваш добро, исто колку и да не се грижиш како си ги добил парите, сè додека ги имаш“ - „The Demon-Haunted World“, Карл Сејган

„Ти си она што се преправаш дека си“ - „Mother Night“, Курт Вонегат

„Катастрофата е како силен ветер. Нè одделува од сите работи освен од работите кои не можат да се откинат, така што се гледаме себеси онакви какви што сме, а не онакви какви што сакаме да бидеме“ - „Мемоарите на една гејша“, Артур Голден

„Сите луѓе сонуваат, но не еднакво. Оние кои сонуваат навечер во правливите катчиња на нивните умови, се будат и откриваат дека сè било суетност: но сонувачите во текот на денот се опасни луѓе, бидејќи може да дејствуваат на нивните соништа со отворени очи и да ги реализираат“ - „Seven Pillars of Widsom“, Т.Е.Лоренс

„Кога една личност страда од илузија, тоа се нарекува лудило, а кога страдаат повеќе, се вика религија“ - „  „Zen and the Art of Motorcycle Maintenance“, Роберт Пирсиг

Среќата е највисоката форма на мудрост“ - „Kushiel's Mercy“, Жаклин Кери

„За што живеам и за што умирам се едно исто прашање“ - „The Year of the Flood“, Маргарет Атвуд

„Оној кој го контролира минатото, ја контролира иднината - оној кој ја контролира иднината го контролира минатото“ - „1984“, Џорџ Орвел
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура