X
 06.01.2017 Култура

Вистинската приказна позади филмот „Последниот самурај“

„Последниот Самурај“ е доста добар, но потценет филм. Акцијата е одлично изработена, а многу идеологии низ филмот се доставуваат на еден доста интересен и пријатен начин.

 

самураи


Ниту еден холивудски историски епик не е точен, иако речиси сите се базирани на добро позната приказна или особено значаен период. Последниот самурај избира фасцинантно време и место - периодот на Враќањето на Меиџи на Јапонија.

Ова било доста тежок период. Често е поедноставен со објаснување дека всушност тоа било модернизацијата на Јапонија, особено на развојот на нејзината војска и падот на воинствената класа на самураите.

 

1


Враќањето на Меиџи обично се однесува на периодот кога царот Меиџи бил вратен на власт. Сепак, огромни чекори во модернизацијата, вклучувајќи ги и западните стилови на облекување и оружје биле донесени за време на граѓанската војна која го донела враќањето. Овие модернизации биле преструктурирани кога владата се стабилизирала.

Јапонија првично им дозволила на неколку европски трговци да влезат во нејзината нација. Тие дошле со оружје и добра од сите делови на светот. Стравувајќи да не се уништат традиционалните вредности, Токугава Шогунате ги избркал сите Европејци од островот во 17-от век, ограничувајќи ја европската трговија преку само еден мало холандско пристаниште во Нагасаки.

 

2


Комодорот Метју Пери пристигнал со големи бродови во кои носел десетици канони околу 200 години подоцна. Јапонците се пронашле себеси надминати од страна на речиси секоја друга нација од развиениот свет.

Јапонија била цврсто заглавена во средниот век, додека Америка го имала најкрвавиот конфликт во нејзината Граѓанска војна. Европа веќе ги искусила Наполеонските војни. Фотоапаратите, електричната енергија и безброј други пронајдоци влегле во останатиот свет, додека Јапонија се'уште била во феудален систем.

Но, наскоро и Јапонците ја отвориле трговијата, поттикнувајќи ги државите да ги одведат во модерната ера.

Во „Последниот Самурај“ ова е претставено како измешана идеја. Ликот на Том Круз, капетанот Алгрен, е доведен за да обучува нова јапонска војска. Мажите кои претходно се сметале за премногу ниска класа за да служат, биле тренирани да се борат против бунтовните самураи.

Овие самураи биле осудени како воинствени бунтовници, додека капетанот Алгрен е фатен и однесен во земјата на самураите. Тамутој дознава за нивниот мирен и едноставен начин на живот. Алгрен открива како јапонскиот цар бил изманипулиран, и како самураите се угнетувани до нивна целосна елиминација.

 

3


Кога Алгрен се враќа во Токио, тој открил дека јапонската модернизација и тоа како се подобрила. Дипломатите започнале да создаваат пазар за продажба на нивното оружје. Сето тоа повеќе изгледало како Лондон.

Лидерот на самураите Кацумото бил крајно депримиран кога дознал дека неговиот цар е само марионета на јапонските бизнисмени кои ги собирале наградите на европските бизниси и војната.

Холивуд го поедноставува сценариото за да ги покаже самураите како едноставни, добри и чисти, а модернизацијата како доста зла и угнетувачка.

Во реалноста, Враќањето на Меиџи со уништување на општествените класи било спротивно. Новата влада започнала со укинување на класата самураи. Самураите биле поддржувани воглавно од селаните и често биле злобни и свирепи низ јапонската историја.

Давајќи им на обичните луѓе право да се придружат во армијата, владата ја проширувала традиционалната улога на самураите. Тие исто така вовеле задолжителна регрутација.

Сите самураи не биле против ова. Со оглед на тоа што самураите биле дел од повисоката класа, голем дел од нив имале улога во новиот режим, па често биле успешни бизнисмени.

 

4


Некои самураи пак, не биле воодушевени со промените. Тие сметале дека новата влада директно им ја одземала моќта.

Последниот самурај меша неколку бунтови кои се случиле низ неколку години, а во филмот е прикажана како една. Измислениот лидер Кацумото бил направен врз основа на влијателниот и чесен Саиго Такамори, лидер на последниот бунт.

Мешањето на настаните трае до последната битка во филмот, која е директна корелација со конечната битка на Састума бунтот. Кацумото/Такамори умира од рацете на модернизираната Империјална армија која ставила крај на бунтовите.

Филмот одлично ги прикажува самураите во борба. Првата битка покажува како самураите знаеле одлично да мечуваат, додека последната битка покажува како самураите користеле одлична тактика со единиците на пешадијата со што ја уништила вооружената но неискусна армија.

 

6


Историјата пак, покажува поинаква приказна. Додека во еден од бунтовите не се користело современо оружје, другите востанија, вклучувајќи го и последниот бунт, се користело современо оружје.

Сатсума бунтовниците, вклучувајќи го и Такамори, користеле пушки и често пати носеле униформа со западен стил, а неколку од нив биле облечени во традиционален самурајски оклоп.

Иако Лагрен се чини како измислен лик, сепак тој е направен врз основа на историски лик со неверојатно слични ставови и акции. Вистинскиот човек, Жил Брунет бил французин. Тој бил испратен да ги обучува војниците како да користат современа артилерија многу порано од бунтот Сатсума и пред официјалното Враќање на Меиџите.

 

7


Некои од самураите биле чесни, но други често пати се бореле со системот бидејќи биле огорчени од нивната значително намалена улога во Јапонија.

Кога се побуниле, самураите биле закана, но откако биле уништени тие станале идеализирани. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура