X
 16.10.2015 Економија

Шведска станува првото безготовинско општество

Економистите размислувале за обликот на теоретско општество без готовина - такво во кое сите трансакции се вршат дигитално. Ниту една земја во светот не го реализира ова, но неколку се многу близу, а прва која би го постигнала тоа веројатно ќе биде Шведска.


Индустриските технолози во Кралскиот технолошки институт во Стокхолм штотуку објавија истражување кое покажува колку бргу исчезнува готовината во Шведска.

- Нашето користење готовина е мало и брзо се намалува - изјавува Никлас Арвидсон, автор на истражувањето.

Тимот на Арвидсон пресметал дека во паричниците и касите во земјата има само 80 милијарди шведски круни (приближно 8 милијарди евра). Пред шест години, сумата изнесувала 106 милијарди круни. Од тој износ, само 40-60 проценти, впрочем, се во циркулација.

Голем број Швеѓани користат апликација која овозможува брзо префрлање на пари преку телефонот. Згора на тоа, многу банки повеќе воопшто не примаат готовина.

Сепак, постои грижа за бездомниците и незабележаните имигранти, како и старите лица, кои немаат лесен пристап до дигиталните сервиси преку компјутер или телефон, се наведува во извештајот за истражувањето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија