X
 04.09.2022 Живот

Швеѓаните се натпреваруваат за најгрд тревник

За многу сопственици на дом, прекрасниот тревник пред домот е вистинска гордост. Но за некои жители на општината Готланд во Шведска, убавата зелена трева не е посакувана, особено доколку се пријавиле на натпреварот за најгрд тревник.

Со цел да поттикне штедење на вода, општината Готланд одржала натпревар за најгрд тревник на островот. Идејата се јавила по воведување на забрана за наводнување на тревниците.



Победникот во натпреварот е Маркус Норстром, чиј тревник речиси воопшто нема зелена трева. Од општината откриле дека наоѓањето начин за разубавување на тревникот преку одржлива пракса исто така бил фактор во изборот на победникот.

Жирито го опишало тревникот на Норстром како „навистина лош тревник кој ги осполнува сите наши очекувања за најгрд тревник во Готланд и има добри услови за одржливо подобрување“. Како награда за признанието, Норстром ќе добие двочасовни консултации со градинар и судија.

Од општината изјавиле дека натпреварот е дел од стратегија за зголемување на одржливоста на животот и туризмот на Готланд.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот