Иако ја користиме секојдневно, поголемиот дел од нас не ги знаат сите опции кои се достапни за користење на „YouTube“. Следуваат некои кои се од корист за секој корисник.
К - паузирање на видео.
М - исклучување на звук.
F - за видео на цел екран.
Ј - го враќа видеото 10 секунди назад.
Стрелка за лево - го враќа видеото 5 секунди.
L - го поместува видеото 10 секунди напред
Стрелка за десно - го поместува видеото 5 секунди напред
0 (нула) - го враќа видеото на почеток
Броеви од 1 до 9 - кога ќе притиснете било кој број од 1 до 9 се префрлате на одреден дел од видеото. Секое видео е поделено на 9 еднакви делови.
Правење гифови
„YouTube“ им овозможува на корисниците и да прават гифови од омилените видеа. Сè што треба да се направи е во линкот на видеото да се напише gif пред youtube.com. Тогаш ќе може да го копирате линкот од видеото од кое сакате да направите гиф.