Во денешно време располагаме со повеќе уреди од кога било, па може да нè следат многумина во секое време. Сепак, можно е да се постават ограничувања на податоците на вашиот лаптоп, паметен телефон, па дури и „фитнес тракер“.
Податоци од лаптоп
Кај оние што користат „Мек“ , од менито „Епл“ потребно е да се избере „System Preferences“, а потоа „Security & Privacy“. Кај табот „Privacy“ има опции за апликации за превенција, како и за отфрлање на опцијата за самиот „Мек“ да ја следи вашата локација. Постојат и опции за да одредите кои програми можат да ги гледаат вашите контакти, календари и слично. Кликнете на „Analytics“ и можете да одберете кои дијагностички податоци може да се испраќаат назад во „Епл“ – податоци за кои компанијата гарантира дека се анонимни.
Оние што користат „Windows“ можат да погледнат во „Microsoft’s privacy policy“. Исто како и кај лаптопот „Мек“, треба да се прегледаат политиките и опциите за безбедност, како и апликациите што сакате да ги инсталирате.
Кликнете на „Settings“, потоа на „Privacy“, па тука можете да оневозможите следење во однос на пристапот кон камерата, микрофонот, локацијата, од одредени апликации. Можете да ги ограничите оние апликации што имаат пристап до вашата прецизна локација, а и да го оневозможите следењето на целиот ваш лаптоп.
Ако користите „Chrome“, тогаш можете да ги проверите овие опции во „Google’s privacy policy“. Кликнете на „Go to My Activity“ за да ги избришете податоците што се следат од апликациите. Кликнете на „Manage your Google activity“ на предната страна, па одете во „Go to Activity Controls“.
Инсталацијата, пак, на „VPN“ е еден од најдобрите начини за криење на локацијата од веб-страниците што ги посетувате и апликациите што ги користите.
Податоци од телефон
За телефоните на „Епл“, во менито за „Privacy“ влезете во „Settings“. Отворете во „Analytics“ за да ги видите податоците што ги испраќате назад во „Епл“. Во „Analytics Data“ имате детален опис на нив. Во „Share iPhone Analytics“, „Share iCloud Analytics“ и „Improve Health & Activity“ можете да ги подредите опциите. Што се однесува до локацијата, можете да го исклучите нејзиното следење во телефонот целосно, или базирано врз основа на апликациите што ги користите.
На Андроид, ќе одите во „Google“ и „Personal info & privacy“. Потоа во „Activity controls“ можете да одберете кои податоци да се видливи. Има и дозволи за индивидуално следење, како „Apps & notifications“, па потоа „App permissions“, каде што исто така може да се одреди кои податоци да се видливи.
Може да се одбере и од „Apps & notifications“, па да се селектира „Permissions“ за да се одреди до кои податоци да се има пристап.
„Фитнес тракер“
Кај „Strava“, на пример, одете во менито и кликнете на копчето „More“, потоа „Settings“, па „Privacy Controls“ и таму скријте ги
податоците што не сакате да се гледаат.
Кај апликациите „Fitbit“, кликнете ја профилната икона во десниот горен агол, а потоа „Personal Stats“, потоа „Settings“, па „Privacy“ и контролирајте што може да се покажува, а што не. Кликнете на „Average Daily Step Count“ или „Sleep Graph“, па тука наместете ја видливоста на „Public“, „Friends“ или „Private“.