X
 17.04.2024 Технологија

Скриени андроид-функции за кои можеби не сте знаеле дека постојат

Со малку труд можете да го натерате телефонот да работи онака како што сакате. Постојат голем број андроид-функции кои можат да го поедностават вашето корисничко искуство. Поентата во врска со овие скриени карактеристики на овој оперативен систем не е дека тие се навистина скриени, туку дека едноставно можеби не знаете дека постојат. Ова се некои од нив:

Блицот може да работи како известување

Веројатно сте имале шанса да пропуштите повик или порака затоа што вашиот телефон бил во тивок режим или не вибрирал. „Андроид“ нуди паметно решение во овој случај - блиц известувања.

Ова ќе овозможи екранот или блицот на вашиот телефон или ЛЕД-светилката на задната страна да трепка за сите нови известувања, без разлика дали се работи за повик (што сте го поставиле на тивок режим), порака или известување и на тој начин ќе ве извести. Ова е спас кога сте во средина каде што треба да бидете тивки. Активирањето на оваа функција е едноставно:

-Одете во Поставки (Settings)
-Изберете Пристапност (Accesibility)
-Изберете Флеш известувања (Flesh notifications)

Изберете помеѓу трепкачкиот блиц на камерата за предупредувања или жолтото трепкање на екранот. Можете дури и да ги овозможите двете опции за посилен визуелен знак. Потоа допрете на „Преглед“ (Preview) за да ја видите оваа функција во акција и да го пронајдете она што ви одговара.

Брза промена на апликациите

Ако некогаш сте сте биле преоптоварени од постојаното префрлување помеѓу апликациите, „Андроид“ има одлично решение – функцијата за брзо префрлување апликации. Еве како да го отклучите овој трик за да заштедите време:

За телефоните со навигација на движењата (без копчиња на екранот), едноставно поминете надесно по тенката линија на дното на екранот. Ова веднаш ќе ве врати на апликацијата што сте ја користеле неодамна. Повлечете надесно повторно за да се вратите во историјата на апликацијата или повлечете налево за да се вратите на претходната апликација.

Ако сакате повизуелен пристап, обидете се со закривено лизгање - почнете од дното на екранот и лизгајте го прстот малку нагоре додека се поминувате лево или десно по екранот. Ова открива листа со претходно користени апликации и ви овозможува да изберете една. Ако користите класична навигација со три тастери (опции), не грижете се. Допрете двапати на копчето „Преглед“ (Overview) за брзо префрлање помеѓу двете најнови апликации.

Вклучување апликации „рамо до рамо“

Друга одлична скриена функција на „Андроид“ е стартувањето на апликациите во т.н режим „рамо до рамо“, т.е. истовремено вклучување апликации на поделен екран.

Можеби некогаш сте сакале да работите со две апликации истовремено? Режимот на поделен екран на „Андроид“ ви овозможува да го направите токму тоа. Оваа функција постои уште од објавувањето на „Андроид 7.0 Нугат“ и им е позната на повеќето корисници, но за оние што не се запознаени – се работи за многу корисна алатка за мултитаскинг, без разлика дали се работи за споредба на фотографии, управување со социјалните мрежи или едноставно правење две работи одеднаш. Еве како да ја извршите оваа функција:

Проверете дали посакуваните апликации се отворени. Повлечете нагоре од дното на екранот за да пристапите до менито со неодамнешните апликации. Најдете ја саканата апликација на врвот и допрете ја иконата над нејзиниот преглед. Во менито што се појавува побарајте „Сплит топ“ (не работи кога станува збор за „Инстаграм“). Доколку е достапно, изберете „Сплит топ“ и апликацијата ќе ја заземе горната половина од екранот.

Прегледот на отворени апликации ќе се појави во долната половина. Едноставно поминете со прстот и допрете за да изберете друга апликација, а црната преграда потоа ќе ги раздвои двете отворени апликации, кои работат една до друга. Повлечете ја преградата нагоре или надолу за да ја приспособите распределбата на просторот на екранот помеѓу апликациите. За да излезете од режимот на поделен екран, едноставно повлечете го разделникот докрај, нагоре или надолу.

Во скриените функции на „Андроид“ исто така спаѓа и „Пин скрин“

Ако некогаш сте се двоумеле да го позајмите телефонот и сте се плашеле дека некој ќе ѕирне во вашиот личен простор, ограничувањето на апликациите е вистинската функција за вас. Оваа функција наречена „Пин скрин“ дејствува како дигитален клуч. Благодарение на неа, никој нема да може да пристапи до други делови од вашиот телефон и на тој начин ќе ја заштитите вашата приватност. Еве како да ја активирате оваа функција:

1. Одете во „Поставки“ (Settings)

2. Изберете „Повеќе безбедносни поставки“ (More security settings)

3. Обележете го „Заклучување апликации“ (App pinning) и вклучете го.

Отворете ја апликацијата што сакате да ја отворите додека го позајмувате телефонот и пристапете до менито за отворени апликации, со лизгање нагоре од дното на екранот. Најдете ја апликацијата што сакате да ја заклучите и допрете ја иконата над нејзиниот преглед. Изберете „App pinning“ од менито и апликацијата ќе биде заклучена на екранот. За да ја „отклучите“ - ќе ви треба ПИН, образец, лозинка или отпечаток од прст, за да го вратите целосниот пристап до телефонот.

Скриени функции на „Андроид“ или недоволно познат режим за користење на телефонот со една рака

Паметните телефони стануваат се поголеми, но нашите раце остануваат исти. Токму овој факт може да го направи пишувањето со една рака многу фрустрирачко. Тастатурата на „Гугл“ има скриено оружје, а тоа е пишување со една рака. Ако имате телефон „пиксел“, ова е стандардната категорија.

Во случај да користите „самсунг или ЛГ, ќе треба да ја преземете тастатурата од „Плејстор“ и да ја поставите како посакувана опција. Еве како да ја активирате оваа функција:

Отворете ја тастатурата како и обично и допрете го и задржете го копчето за запирка што се наоѓа во долниот лев агол (,). Додека држите, повлечете нагоре кон иконата за десна рака. Ова го активира режимот за пишување со една рака. Меѓутоа, ако оваа опција не функционира за вас, обидете се да ја држите запирката долго време и кога ќе се појават три икони, вклучувајќи запченик, емотикон и рака што го користи екранот, изберете ја последната опција.

Потоа ќе видите помал распоред на тастатурата, совршен за пишување со една рака. Копчето со стрелка ви овозможува да се префрлите од левата на десната страна за оптимална удобност. Долната икона ви овозможува да ја промените позицијата на тастатурата на екранот, а горната икона ја враќа во целосна големина.

Само сопствениците на телефони со оперативен систем „Андроид“ ќе имаат корист од овие трикови.

Извор: Benchmark

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија