X
 03.06.2020 Живот

ЕУ планира со 20 милијарди евра годишно да ги спасува океаните и земјата

Европската комисија се заложи да заштити 30 отсто од земјата и океаните на ЕУ како заштитни зони до 2030 година. За да ја постигне оваа цел, планира да собира по 20 милијарди евра секоја година во наредните 10 години од приватни и јавни извори - и од европскиот климатски фонд и од националните буџети.

Европската комисија смета дека закрепнувањето од Ковид-19 земајќи го и биодиверзитетот предвид ќе биде клучно за враќање на здравјето и на животната средина и економијата.

Предложената стратегија се фокусира на воспоставување обврзувачки цели за враќање на оштетените екосистеми и реки и враќање на опрашувачите во земјоделските земјишта, намалување на загадувањето, позеленување на градовите и зајакнување на органското и биодиверзитетското земјоделство.

Во напорите за подобрување на здравјето на шумите, дел од планот е да се спроведат построги проекти за заштита и реставрација на преостанатите основни и стари шуми на Европа уште следната година.

Ова е особено важно кога истражувачите сугерираат дека 60 отсто од проценетите видови на континентот се во пад.

Биодиверзитетот ќе добие уште еден поттик бидејќи ЕК предлага измени во земјоделскиот пејзаж на Европа на начин што поддржува див свет и опрашувачи. Ваквите промени би вклучиле создавање „пејзажи со висока разновидност“ во 10 отсто од земјоделските површини во Европа со карактеристики како езерца, жива ограда и слично.

biodiverzitet
Фото: Pixabay

Некои експерти се скептични, но се надеваат дека промените ќе се спроведат.

- Станува збор за големо ако. Но, тогаш почнувате да го набљудувате здравото земјоделство што може да обезбеди живеалишта за птици и пеперутки и земјоделство што може да обезбеди храна - вели Ариел Брунер од организацијата „Брдлајф интернешнл“.

Стратегијата за 2030 година ќе ја зајакне природната отпорност на Европа со справување со земјоделство и риболов со помош на стратегијата „Фарм то форк“.

- Стратегијата поставува конкретни цели за трансформација на системот за храна на ЕУ, вклучувајќи и намалување на 50 отсто од употребата и ризикот од пестициди, намалување на најмалку 20 отсто од употребата на ѓубрива, намалување на 50 отсто на продажбата на антимикробни средства што се користат за земјоделските животни и аквакултурата и достигнување 25 отсто од земјоделското земјиште да се под органско земјоделство - пишува во извештајот.

Европската комисија, која има овластување да го спроведува европското законодавство, ги повика Европскиот парламент и Советот да ги усвојат мерките „Фарм то форк“ и биоразновидноста до 2021 година.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот