X
 23.10.2015 Живот

Морничава крипто-загатка која ја шокира интернет заедницата

foto

 

На секои неколку месеци, темната страна на интернетот измислува нешто бизарно и морничаво поради кое луѓето полудуваат, но овие вирални хитови за брзо време се забораваат или едноставно излегуваат дека се целосно неважна глупост.


Она што моментално го привлекува вниманието на љубителите на загатки некако се издвојува од она на кое сме навикнати.

Се` започнало пред една недела, кога Џони К. од страната Gadgetzz добил мистериозен плик на полски во кој имало само DVD со два реда навидум случајни броеви. Всушност, ковертот го добил пред неколку месеци, но неодамна одлучил да го погледне подобро. Го ставил DVD-то во видео плеерот и останал шокиран од она што го видел. Имено, две минутното видео прикажува две маскирани лица во некаква напуштена зграда кои воглавно стојат и покажуваат броеви со прстите, ја поместуваат главата и се обидуваат да го насочат погледот кон некоја трага.

Наскоро започнале да пристигнуваат информации дека неколку луѓе го добиле истотот DVD со истата содржина, а како што повеќе луѓе станале инволвирани во обидот да се реши оваа мистерија, толку појасно било дека станува збор за нешто навистина болно. Постојат различни скриени кодови, а насловот на YouTube видеото во бинарен код е „Muerte“ (Смрт).

Работите станале доста морничави кога корисниците на спектографиските техники и стенографијата започнале да ги анализираат сликите и звукот, а добиена е и серија на слики кои поради содржината не може да се објави, но можете да ги најдете на Reddit, кадешто луѓето се обидуваат да ја решат мистеријата. Да речеме дека станува збор за слики од врзани жени и нешто што изгледа како мачење, порака како „You are already dead“, „You have one year or less“, „We are the antivirus“ и порака на Морзеова азбука: „RED LIPSLIKE TENTH“ што некои го препознале како анаграм за „KILL THE PRESIDENT“. Шега или не, ова е навистина морничаво.

Буквално на секој час се открива ново парче од сложувалката. Кој сака да го следи текот на акцијата на собирање и дешифрирање на пораката дефинитивно треба да го посети Reddit.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот