X
 14.10.2016 Наука

Научниците создале видео од кое луѓето халуцинираат

Истражувачите тврдат дека пронашле начин за да предизвикаат халуцинации кај здравите луѓе без употреба на дроги.

 

 

 


Тоа го прават со помош на видео на кое се појавуваат трепкачки светла. Истражувачите велат дека кај секој што ќе го гледа видеото се појавуваат халуцинации.


Трепкачките светла на црна позадина се нова техника која била испробана на 100 студенти кои волонтирале во истражувањето. По тетсот, тие гледале сиви бледи дамки.

Тоа е единствената халуцинација која се појавува по гледањето на видеото.

Наредниот чекор е тестирање на новата техника на пациенти кои боледуваат од Паркинсонова болест, за да се дознае повеќе за халуцинациите кои ги предизвикува болеста.
 



Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука