Фотографот Винсент Ледвина создаде хипнотизирачко тајмлепс-видео од поларната светлина за време на неговите авантури во Манитоба, Канада.
- Почнав да ја фотографирам поларната светлина од љубовта кон природата и отворениот простор, како и кон астрономијата. Растејќи во Минесота, честопати бев сведок на поларната светлина додека кампував. На 15-годишна возраст купив камера, почнав да ја фотографирам поларната светлина и за брзо време страста се претвори во опсесија - раскажува Ледвина.
Најголемиот совет што има да им го даде на надежните и страсни фотографи е прво малку да истражуваат за овој небесен феномен, а потоа да тргнат да ја „бркаат“.
Во продолжение погледнете го неговото тајмлепс-видео.
Извор:
dpreview.com
Фото: Screenshot/YouTube