YouTube, платформата за слушање и гледање аудио-визуелни содржини, претставува непресушен извор на се` она што може да ве интересира, забавува и опушти.
Благодарение на апликациите за паметни телефони, YouTube едноставно може да се користи и на мобилните телефони. Но, YouTube подразбира кога ќе слушате нешто, и да го гледате.
Со оглед на тоа дека преку апликациите на паметните телефони најчесто само се слуша музика, без да се гледа, непотребно е користењето на екранот.
Доколку не сакате да гледате видео, а сакате да слушате музика, исклучувањето на екранот би можело да биде доста корисно бидејќи го продолжува траењето на батеријата, а со самото тоа и подолго слушање на музиката.
Како да слушате музика без видео?
За да успеете во ова, потребно е да ја имате апликацијата
Black Screen of life.
Кога ќе ја активирате оваа апликација, потребно е да го приклучите YouTube или некоја друга апликација преку која слушате музика. Кога ќе ја изберете саканата содржина за слушање, доволно е само да го покриете сензорот за близина, кој на вашиот телефон му дава знак дека треба да го одржува екранот вклучен.
Сензорот за близина се наоѓа близу звучникот на врвот на телефонот, над екранот. Кога ќе го покриете овој сензор, екранот ќе се изгасне, но и музиката која сакате да ја слушате. На овој начин ќе заштедите доста батеријата, што е и целта на оваа опција.