X
 24.11.2022 Живот

Доколку ви е потребна заднинска врева додека работите, можеби го имате овој проблем

Некои луѓе додека работат мора да имаат врева во заднина, како радио или телевизија. Научниците имаат објаснување за тоа што се случува во мозокот на луѓето на кои им е потребна заднинска врева додека работат.

- Заднинската врева се користи во обид да се сврти вниманието или да се одбегнат непријатни емоции и мисли - објаснила Џена Карл, кој е клинички психолог.

Со други зборови, заднинската врева на луѓето им служи како одредена дистракција. Според Џулија Карлстед, советник за анксиозност и перфекционизам, со заднинската врева го полниме капацитетот за внимание до максимум во обид да не ни остане енергија за работите што се обидуваме да ги одбегнеме.

Меѓутоа, експертите предупредуваат на штетни последици од одбегнувањето на емоциите на овој начин.

- Треба да најдете време за подоцна да им се вратите на своите мисли и да процените што точно тие ви предизвикуваат - објаснила Карлстед.

Според неа, нивното одбегнување може да го влоши проблемот.

- Доколку се најдете во ситуација секогаш да го одвлекувате вниманието од непријатни мисли или да ги одбегнувате, тоа може да ја засили тешкотијата што стои зад тие мисли. Во основа, не сте во состојба да ја решите, туку само секогаш ја туркате под тепих. Иако тоа е разбирливо, не е од никаква помош - заклучила Карлстед.

Извор: Hocu
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот