X
 02.08.2017 Живот

Песна што ја намалува анксиозноста за 65 проценти

Анксиозност – чувство на постојан страв, грижа и паника. Ова не е ништо ново, иако така се верува, бидејќи Хипократ пишувал за анксиозноста уште во 4 век пр.н.е. Исто така и Сорен Киркегард во 1860. А Сигмунд Фројд го посочил нарушувањето во 1926 година.

Во сегашноста, сепак, бројот на лица што патат од анксиозност е сериозно зголемен, особено кај младите. Фармацевтските производи се и натаму опцијата која се нуди како класичен третман. Когнитивната терапија е исто така чест пристап кон состојбата. Некои се обидуваат да го решат проблемот со медитација, јога, масажи и други техники за релаксирање. Успешно се користи и музичка терапија. Но, сега невролозите во Велика Британија одредиле една песна со која се намалува анксиозноста за дури 65 проценти.

Експертите сметаат дека оние што се родени во периодот од 1980 до 1990 година се генерации на очај. Напредок на технологијата, преголемо заштитување на родителите и образование базирано на тестови – поради тоа психолозите велат дека тие генерации се оние што го имаат „луксузот“ на преголем избор. Се верува дека оние што имаат помал избор се поотпорни и поистрајни, најмногу поради тоа што можат да го обвинат животот или другите ако донесат погрешна одлука. Но, ако имаат голем број избори, тогаш не можат да обвинат некој друг, освен себеси. Со тоа стануваме опсесивни, бидејќи сакаме постојано да донесуваме правилни одлуки. Во модерно време, донесувањето одлуки може да парализира. Масовноста на информациите и достапноста нè исцрпуваат и потклекнуваме уште пред да се одлучиме. Развојот на технологијата е исто така во голема мера виновен за чувството на анксиозност. Имено, постојаното следење на туѓите активности и објавување на сопствените на социјалните мрежи резултира со чувство на преголема изложеност, напнатост и незадоволство. Преку социјалните медиуми постојано се споредуваме, за речиси сите области во животот, па тоа може да доведе до депресија.

Истражувачите се обиделе да дознаат преку анализи кој вид музика може да предизвика чувство на смиреност. Откриле дека песната „Weightless“ е вистинскиот избор за лицата што го имаат овој проблем. Тие велат дека песната е толку смирувачка, што не се препорачува да се слуша додека се управува со возило.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот